Николовски: Во моментов Руската црква ја притиска МПЦ да се откажеме од добивањето томос од Цариградската патријаршија

„Руската православна црква сака да создаде нов блок во православниот свет и да биде новиот папа на православието. Најдете ја првата прес-конференција на Путин после нападот на Украина, каде он вели дека негова одговорност е да ги штити православните држави во светот. Во неколку држави има православни цркви во светот. Голем дел се членки на ЕУ меѓу кои и ние. Ако ја тргнеме руската црква, Грција е доминантно православна држава и членка на ЕУ и НАТО. Албанија има православна црква, членка на НАТО на пат кон ЕУ. Бугарија е членка на НАТО и ЕУ. Романија е членка на НАТО и ЕУ“, изјави новинарот Марјан Николовски на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“ по прашање на тема околу обидите на црковните власти да го замолчат критичкото новинарство преку црковно-судски постапки.

Тој додаде дека во Македонската православна црква е на пат кон признавање на нејзината автокефалност.

„Обидот да се прикаже дека тоа признавање е во линија на руската добра волја треба да ја внесе македонската православна црква во целиот тој блок на руско влијание за да утре за било што се случува во општеството Македонската православна црква треба да ги спроведува одлуките на руската црква. На пример, ако треба да се прават протести против хомосексуалците, сите цркви да излезат на улица. Ако треба да кажеш дека НАТО е злочинска организација да излезат владиците да кажуваат дека НАТО е злочинска организација“, посочи Николовски.

Тој додаде дека овие аргументи не доаѓаат од него, како пример наведе дека Пендаровски бил предупреден од НАТО дека МПЦ работат за руските безбедносни служби.

„Цариградската патријархија е проевроски/прозападна ориентирана. Најголем дел од своите верници ги има Америка, во Европа. Руската православна црква отсекогаш имала обид да создаде начин на функционирање на она што бил Цариград во времето на Византија. Ние сме на средината. По налог на Русија, Србите да издадат томос којшто нема никаква важност за ниедна црква. Во моментот, притисокот е врз МПЦ од страна на руската црква да се откаже од добивањето на томосот од цариградската патријархија. Година и пол се стои во место во МПЦ и никој таму нема интерес да го продолжи патот до Цариград, значи дека притисокот е голем“, заклучи Николовски.

Back to top button
Close