ФОТО: Куршум оставен пред вратата на Таравари

Тетовската телевизија „Коха“ објави дека пред домот на претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари бил пронајден куршум. Тој бил оставен пред вратата, а според фотографиите била повикана и полиција.

Од нив се гледа дека куршумот е оставен на неколку чекори после капијата за влез во дворот, а пред вратата за влез во домот.

Засега нема детали, а извесно е дека крим-техника од МВР ќе врши истрага и ќе се проверуваат трагите.

од редакцијата на „Скопје1“ побале потврда од Таравари и коментар за тоа што се случува. Од него очекуваме одговор.

Back to top button
Close