Сведочење на таткото на девојче убиено во „Рибникар“: За масакрот се виновни родителите на убиецот. Ние секој ден одиме на гробот на ќерка ни, да ја бакнеме и да и се извиниме!
Во Вишиот суд во Белград денеска со сведочење на таткото на убиено девојче продолжи граѓанската постапка по втората тужба против таткото, мајката и момчето кои на 3 мај уби девет ученици и чуварот во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград.

Бане Дукиќ денеска пред судот изјави дека тој и неговото семејство се преселиле од Франција во Србија во 2020 година бидејќи сакале да посветат повеќе време на своите деца.
Дукиќ детално ја објасни нивната семејна ситуација, како и дека освен убиеното девојче, имаат и две помали деца.
На 3 мај, како што објасни Дукиќ, светот застанал за нив, нивната ќерка била убиена, а до неа имало мобилен телефон низ кој поминал куршум, поради што мисли дека таа се обидела да му се јави.
– Секој ден одиме на гробишта да ја бакнеме и да и се извиниме – рекол Дукиќ и додал дека се чувствува виновен што се преселиле во Србија.
На прашањето како неговите помали деца реагирале и како живеат со смртта на нивната сестра, тој рекол дека им било тешко и дека мораат да носат таков товар.
Дукиќ смета дека за овој масакр биле виновни родителите, а не му е јасно како е можно ова дете да одлучило да одземе толку животи за само две минути.






