Пендаровски ги налутил – ДУИ со свој кандидат за претседател

Откако шефот на државата Стево Пендаровски одби да го потпише указот за Законот за игри на среќа и за забавните игри, пропаѓа идејата за консензуален кандидат за шеф на државата, пренесe Слободен печат.

ДУИ дефинитивно ќе оди со свој кандидат за претседател на државата, и тоа најверојатно ќе биде потпретседателот и министер за надворешни работи Бујар Османи, брифира за „Слободен печат“ висок партиски функционер, откако собранискиот спикер Јован Митрески попладнево треба да ги распише двојните избори. ДУИ му сврте грб на владиниот партнер СДСМ за претседателските избори откако шефот на државата Стево Пендаровски одби да го потпише указот за Законот за игри на среќа и за забавните игри. Со ова пропаѓа идејата за консензуален кандидат за шеф на државата.

Повеќе

Back to top button
Close