33 деца отруени со лажна вотка на забава во Белград
Дури 33 деца се отруле од алкохол во средата на забава во белградскиот клуб „Синер“. Тинејџерите веднаш биле префрлени на токсиколошкиот оддел на ВМА каде се задржани на лекување.
Меѓу нив, дванаесет деца биле помлади од 15 години, а нивото на алкохол во крвта било дури 2,8 промили.
Се сомнева дека виновникот за масовното труење бил „непознат“ пијалок кој бил ставен на масите во веќе отворени шишиња. Против сопственикот на локалот е поднесена кривична пријава.
Тинејџерите беа поканети во клубот „Синер“ на забава преку социјалната мрежа Инстаграм и преку промотери.
Децата кои се затруле, како што дознаваме, ги пиеле пијалоците што ги добиле со резервацијата на масата. Наводно станува збор за „водка“ за која постои сомневање дека е измешана со спиритус?! Неколку од нив почнале да се тетерават и да повраќаат откако го испиле пијалокот. За среќа, некој набрзина повикал брза помош, а некои од малолетниците не можеле ниту да издржат, па биле носени на носилки, вели изворот на Информер.