Таравари или Села – Управниот суд ќе одлучи чија е Алијанса
Иако и сегашниот и поранешниот лидер одржаа конгреси за меѓусебно разрешување, сепак, Управниот суд ќе пресуди кој е легитимен претседател на Алијанса за Албанците.
И двајцата тврдат дека се легитимни претседататели на партијата. Делегатите со 591 глас го избраа Зијадин Села повторно да ја води партијата.
Минатиот петок, на вонреден конгрес на кој присуствуваше 421 делегат, крилото на Арбен Таравари го разреши Зијадин Села од функцијата претседател на Централното претседателство и го реизбра Таравари за лидер на Алијанса за Албанците.
Како што тврдат двете крила, двата партиски печати се кај двајцата претседатели. Се очекува да се поведе судска постапка пред Управниот суд за тоа кој ќе располага со нив односно и кој ќе биде легитимен претседател на партијата.