Касами: Полицијата ни тропа на врата без налог
Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами денеска на прес-конференција на којашто промовираше завршување на асфлатирање на улица во тетовската населба Горна Чаршија се пожали дека како опозициска општина постојано се под притисок на централните власти, поконкретно од Секторот за внатрешни работи, одредени инспекциски служби и од Државниот завод за ревизија. касами се пожали дека дури и за банални работи полицијата им врши контрола без никаков налог.
– Ние сме опозициска општина, Секторот за организиран кирминал ни тропа на врати кај што нема ингеренции. Таму можат да реагираат само ако има криминал, но по налог на Јавно обвинителство. Тие тропаат на врата и за одредени проблеми при вработување во ОУ Лирија, кадешто има основа да реаигра трудова инспекција, а не да регира полицијата, рече Касами.
Во однос на последните пишувања во одредени медиуми дека тендерите коишто ги објавува Општина Тетово најчесто ги добива една фирма, Касами вели дека сè се тоа неосновани обвинувања затоа што ќе го добие тендерот не одлучува тој, туку законските нормативи. Ако некој има каков било сомнеж, отворени сме за соработка, дополни тој.
– Јас не сум тој кој што одлучува која фирма каков тендер ќе добие. Можеби мене не ми се допаѓа некоја фирма, но не можам јас да определувам, има закон и процедури за тоа. Во делот на компаниите и дел од овој пат беше реализиран од компанија за која имаше одредени сомневања и токму поради тоа имаше сомневања дека и овој дел од патот нема да се реализира. Моја заложба ќе биде сите проекти да се реализираат согласно стандардите и сите проекти да се контролираат, рече Касами.
Откако се пожали на притисок од централните власти, Касами одби да одговори за одредени актуелни политички прашања. Како што посочи, денешниот настан е за промоција на важни проекти за градот.