Амбулантата на Бехтел Енка затворена од инспекторатот?


Санитарниот и здравствен инспекторат констатирал неправилности во амбулантата на „Бехтел Енка“ во Гостивар и наредил негово затворање, ексклузивно дознава ПорталиХ.

Според законот, Бехтел Енка мораше да формира своја амбуланта за потребите и безбедноста на работниците на терен. Сепак, инспекторатот оцени дека не се испочитувани сите правила и критериуми за работа на оваа амбуланта.

Директорката на санитарниот и здравствениот инспекторат Рената Младеновска потврди дека се врши увид. Таа за ПорталиХ изјави дека инспекторите се уште се на терен и дека постапката е во тек.

Бехтел Енка е фирмата која е избрана од Владата за изградба на автопатите на Коридорот 8 и Коридорот 10. Избрана е без јавна набавка, со непосредна спогодба и со посебен закон изгласан во Собранието со кој се овозможи директнo да се избере.

За градење на Коридорот 8 и 10, Северна Македонија ќе плати 1,3 милијарди евра.

Back to top button
Close