Бездомни кучиња од девет општини ќе се згрижуваат во Глишиќ, центарот ќе профункционира по изборите во мај!

Регионалниот центар каде ќе бидат згрижувани бездомни кучиња кои ќе добиваат ветеринарни услуги од деветте општини на Вардарски плански регион е изграден и наскоро треба да започне со работа, пренесе Фокус.

Објектот со површина од 5.470 м2 се наоѓа во кавадаречката населба Глишиќ, и таму ќе се згрижуваат кучиња од Свети Николе, Лозово, Велес, Чашка, Градско, Росоман, Неготино, Кавадарци и Демир Капија.

Центарот веќе бил опремен, било набавено и возило, а наскоро ќе профункционирала и интернет страница на која граѓаните од овие општини ќе можат да пријавуваат бездомни животни.

Повеќе

Back to top button
Close