Во Клиниката „Козле“ хоспитализирани 4 деца со голема кашлица

За една недела регистрирани се 43 нови случаи со голема кашлица. Според податоците од Институтот за јавно здравје најголем дел се од Скопје и тоа деца на училишна возраст од 10 до 14 години. Заболени пријавени се и во Тетово, Гостивар и Битола.

Во моментот на болничко лекување во Клиниката за респираторни заболувања кај децата “Козле” со пертусис хоспитализирани се 4 пациенти, три се доенчиња на 3,4 и 7 месеци, а едно дете е на 4 годишна возраст.

– Сите три доенчиња се стабилни, имаат клиничка слика на голема кашлица, меѓутоа нивнасостојба е стабилна и немаат потреба од кислородна подршка. Имаме и предшколско дете кое е на 4 годишна возраст кај него имаме компликации пнеумоничен наод, но и тоа е стабилно, изјави д-р Мирјана Поповска, специјалист педијатар во Клиниката “Козле”.

Со почетокот на епидемијата во Скопје во Клиниката “Козле” бележат и зголемен број на амбулантски прегледи кај деца со симптоми на голема кашлица. Секојдневно во една смена имаат и по 4 – 5 вакви случаи, повеќето биле на училишна возраст со полесна клиничка слика и немале потреба од болничко лекување.

– Значи голем дел од децата се со онаа долготрајна кашлица која трае 2,3,4 недели, онаа сува кашлица. Кај поголемите деца кои примиле вакцини е онаа сува кашлица, но ги плаши родителите. Меѓутоа кај помалите деца доенчињата имаме типична клиничка слика на пертусис со зацрнување, помодрување, напади на кашлица кои траат подолго време, вели д-р Филип Доксимовски, специјализант во Клиниката “Козле”.

Инаку според последните податоци одскопскиот центар за јавно здравје бројката на заболени од голема кашлица во главниот град надмина 200.

 

 

Back to top button
Close