Приведена прилепчанка, сакала да запали угостителски објект


На 16.03.2024 во 22.10 часот во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода К.И.(32) од Прилеп поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по чл. 288 од КЗ.

Имено, на 16.03.2024 околу 22 часот во ОВР Прилеп Т.К.(61) од Прилеп пријавил дека околу 21.30 часот во неговиот угостителски објект во Прилеп влегла К.И. и со шише наполнето со запалива течност прскала по подот и се заканувала дека ќе го запали објектот.

К.И. е приведена во полициска станица Прилеп и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close