Стрелање, „метак у глава“ и „народен суд“ – дел од заканите по животот на Џабир Дерала и тимот на ЦИВИЛ

 

„Во овие услови само за метак у глава на Дерала може да се говори“.

Во друга објава каде што се презентира извештајот од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ, профилот „Тони Моневски“ коментира: „Тие од Цивил треба пред народен партизански суд како во 1945 да бидат извадени. Тие се грко-балистички северџани, само доживотен затвор за предавниците“.

Профилот „Илија Лазаров“ коментира: „А бе вие сеете отров, омраза е мал збор збор за вас, се ви се чисти повраќаници, немате мерка“!

Фејсбук страницата Кичево објави колаж од „предавниците“ со пораката „Сите ќе ве стреламе“.

Меѓу „предавниците за отстрел“ се: претседателот на државата Стево Пендаровски, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, челниците на ДУИ, Али Ахмети, Талат Џафери и Артан Груби, амбасадорката на САД, Анџела Агелер, претседателот на Украина, Володимир Зеленски како и активистите на ЦИВИЛ, Џабир Дерала и Дехран Муратов, и други.

Страницата е креирана од политичка партија, односно на 20 април 2011 е именувана Сдсм Кичево, на 29 јули 2019 е преименувана СДСМ Кичево, за на 25 јули 2023 остана само Кичево.

На фејсбук страницата сè уште има фотографии од митинзи, собири и кампањи на СДСМ.

Всушност, Фејсбук страницата Кичево ја администрира и раководи политичката партија Левица. Сите објави се поврзани со активностите на Левица.

Зоран Богатиновски исто така направи албум придружен со зборовите: „Македонски предавнички кучки, албанскиот шпион на Пентагон и на Крлеуша од калето се посраа славејќи ја фашистичка Украина во Цивил МК – испрдокот на излитената америчка „демократија“ во Македонија“.

Во „предавничкиот албум“ се активистот на ЦИВИЛ, Драган Мишев како и колумнистот на Фронтлајн, Ненад Јовановиќ.

Исто така и т.н. новинар (шоумен) Миленко Неделковски откако се врати од како што самиот се пофали на социјалните мрежи, Русија и териториите под руска окупација во Украина, започна силна кампања против Џабир Дерала и ЦИВИЛ.

„Џабир Серала беше ли на погреб“, пишува Неделковски објавувајќи фотографии од гробот на починатиот политички затвореник, рускиот опозиционер Алексеј Навални и фотографија од протестот на ЦИВИЛ пред руската амбасада во Скопје каде што испратија протестно писмо по повод смртта на рускиот борец за демократија и човекови права, Навални.

Миленко Неделковски во емисијата на својот Јутјуб канал насловен „Фактчекирање на фак-чекерите“ изнесе низа говор на омраза и дискредитација кон колегите од Метаморфозис, заклучувајќи дека „мозокот на целата операција со фактчекирањето е всушност Џабир Дерала од ЦИВИЛ“. Во друга емисија посвети „целосна анализа“ за работата на Дерала и ЦИВИЛ (Медиа) секако користејќи говор на омраза и целосни невистини. Но, не изостави да „посака желба“ ако дојде (опозицијата) ВМРО-ДПМНЕ на власт по изборите на 8 мај да се „позанимава со ЦИВИЛ“.

„Избори се ближат, рестрикции на Фејсбук се множат! Џабир Серала, ќе го јадеш немиен“, пишува Неделковски на својот Х профил.

Ова се само дел од објавите на Неделковски насочени кон Дерала и ЦИВИЛ.

„Јавноста треба да знае дека во валканата кампања со навреди, дискредитација, клевети, омраза и закани не учествуваат само анонимни тролови и трол армии, туку и луѓе со име и презиме, меѓу кои се познати пропагандисти (новинари, интелектуалци и други) и политички лидери или високи партиски функционери. Меѓу нив, се разбира, прикриени, се и припадници на безбедносните структури во земјата, но и од странство. Шарена дружина…, пишува Џабир Дерала во неговата колумна „Стравот е нивното оружје. Нашиот арсенал е многу поголем и посилен.

Обидите за заплашување, дискредитација и говорот на омраза насочени кон Дерала и членови на екипата на ЦИВИЛ кои доаѓаат од високи политички претставници и нивните партиски послушници, претставуваат реална закана за животот на ЦИВИЛ-ите.

ЦИВИЛ апелира до надлежните институции да преземат законски дејствија за заштита на животот на колегите.

Извор: Цивил

Back to top button
Close