Османи: Украина е само првата станица за руските империјалистички амбиции

Украина е само прва станица на руските империјалистички амбиции изјави денеска шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, додавајќи оти се очекува по Украина агресијата на Кремљ да се прелее и на други места од истокот на Европа, вклучително и во регионот на Западен Балкан.

Османи ова го кажа во неговото обраќање како домаќин на настанот со дипломатскиот кор организиран по повод одбележувањето на четиригодишнината од членството на С Македонија во НАТО. Во него тој ја истакна важноста што земјава е дел од Северноатланската алијанса и повика на забрзување на интеграцијата во Европската Унија.

„Руската агресија врз Украина покажа дека безбедноста архитектура во Европа е нарушена, а како што сум истакнал и во други прилики Украина е само прва станица од руските империјални амбиции. По Украина, руската агресија се очекува да се прелее и понатаму кон Истокот, кон Молдавија, односно Транснистрија, кон Кавказот односно Грузија и наредна станица верувам дека ќе бидат и земјите од Западниот Балкан“рече Османи.

Војната во Украина беше во фокусот на добра дел од воведниот говор на шефот на дипломатијата, кој посочи дека земјава и понатаму ќе продолжи да дава безрезервна поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

„Руската војна против Украина не беше испровоцирана, нити пак оправдана. Тоа не претставува само директен напад само на Украина туку и суштински предзвик за меѓународното право, вредности и норми кои донесоа безбедност и просперитет на Европскиот континент. Уште еднаш ја изразуваме нашата цврста поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзините меѓународно признати граници и изразуваме пофалби за херојскиот отпор и дејствијата на Украина против немилосрдната агресија од страна на Русија. Украина за сите нас претставува пример за храбар отпор. Им одаваме чест на загинатите, повредените и раселените лица како и на нивните семејства“кажа шефот на македонската дипломатија и кандидат на ДУИ за претседател на државата на престојните избори.

Говорејќи за придонесот на Северна Македонија како членка на НАТО во овој контекст, Османи посочи дека според некои статистики земјава е на четврто место меѓу членките на Алијансата според воената помош што ја обезбедува за Украина по глава на жител.

„Ова е значаен доказ дека стоиме рамо до рамо со украинскиот народ во соочувањето со предизвиците од руската воена агресија. Ќе продолжиме со нашата поддршка се додека е потребно со цел враќање на мирот и слободата во Украина. Исто така како одраз на нашата солидарност и како чекор кон споделување на товарот и приодонес кој овозможува функционирање на силите за одговор на НАТО понудивме сместување на 68 авганистански државјани соработници на НАТО кои претходно беа сместени на Косово, а кои веќе ја напуштија земјата и се наоѓаат во нивната крајна дестинација“рече Османи.

Од денешниот настан со дипломатскиот кро воз емјава под повод одбележувањето на четиригодишнината од членството на С Македонија во НАТО / Фото: Принтскрин

Во делот за обврските кон НАТО, Северна Македонија рече Османи, ја исполнила поставената цел за 2024 година да го постигне прагот на одвоени два проценти од брутодомашниот прозивод за одбраната.

„Ова дополнително говори за нашата посветеност во исполнување на обврските кон НАТО“, рече министерот за надворешни работи.

Во дадените околности, кажа Османи, европските и евроатлантските интегративни процеси преставуваат и безбедносно прашање и затоа, како што додаде, нашите заложбио се за што поскоро интегрирање на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

 

„Сега повеќе од кога било на евроатлантската и европската интеграција на Западниот Балкан треба да се смета како на алатка за подобрување на безбедноста и консолидирање на стабилноста на југоисточното крило како на НАТО така и на Европската Унија. Исто така демократските алатки за евроатлантска интеграција се најдобри алатки за спречување на конфликти и за злонамерно вмешување на трети страни. Демократските вредности и начин на живот ќе надвладеат доколку има доволна политичка поддршка и заедно дејствување на политичкиот запад, како и солидарноста со оние кои ги прифаќаат истите вредности и бескомпромисно застануваат во нивна одбрана“ рече Османи, додавајќи дека ова претставува причина повеќе за нова динамика во европската и евроатланската интеграција на регионот.

 

Back to top button
Close