ИЗВИНЕТЕ ЗА НЕРВОЗАТА

1 Најинтересниот дел од телевизискиот лидерски дуел помеѓу Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски беше кога на екранот се појави лото девојката Марјана Станојковска. Политичкиот дуел беше прекинат за да се извлечат лото топчињата. Барем некому му се насмевна среќата таа вечер. Оти гледањето што имаат да кажат лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ претставува соочување со нашата сурова реалност. При што паузата со Марјана дојде како пријатно освежување. Нека им е со среќа на сите.

Очекував малку поголема драматика кога Мицкоски му викаше на Ковачевски: „Ама ве молам не се нервирајте!“ Така го советувале, ама овојпат – џабе. Ковачевски, за чудо не се нервираше. Или барем не покажуваше нервоза како што сме имале прилика да го гледаме. Па и таа возбуда изостана. Уверен сум дека откако Марјана си ја заврши обврската со делењето среќа, повеќето си свртија друг канал.

Сѐ на сѐ,  дуелот беше гола вода. Има среќа во топчињата. Во изборот – не сум баш сигурен.

А и Ковачевски не мора толку да драматизира кога вели дека „овие избори се избор меѓу надеж и безнадежност“. Сме преживеале ние и со ВМРО-ДПМНЕ кога имаше 63 пратеници во 2008. Сме преживеале и кога СДСМ имаше 87 пратеници во 1994. Народот не изумре. Само политичарите се збогатија. И оваа тепачка, како и сите претходни е кој ќе продолжи да се богати.

И кој ќе се спаси со пратенички имунитет.

Целата колумна на Горан Михајловски на  SDK.mk

 

Back to top button
Close