(ВИДЕО) “Не смеете да ми го претресувате возилото без мое присуство“- Тошковски и Салиу во вербален конфликт пред камерите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и новинарот Фуркан Салиу пред камерите влегоа во вербален дуел околу приведувањето на Салиу на фудбалски натпревар. Тошковски кажа дека се снимени дејствијата кој ги презел Салиу додека овој ги негираше обвинувањата на минисерот. Според Тошковски на снимките може да се види дека имало спречување на службено лице во вршење на службена должност од страна на новинарот.

Од друга страна, Фуркан Салиу тврди дека бил уапсен затоа што снимал како полицијата тепа недолжно момче на натпреварот, а тој како новинар присуствувал таму оти знаел дека ќе има нереди.

Дали имавте физички контакт со полициските службеници пред да ве приведат?, го праша Тошковски, Салиу.

Во ниту еден момент, одговори новинарот..

Салиу го праша Тошковски како без негово присуство бил направен претрес во возилото.

Тошковски потенцира дека се работи за преглед на возилото, и дека внатрешна контрола ќе ги испита сите дејствија и на полициските службеници. Тошковски вели и дека точно се знае согласно закон како се поседува и како се транспартира оружје.

Порталот „Икс“, чиј главен уредник е новинарот Фуркан Салиу, а кој деновиве е актуелен во јавноста поради неговото приведување во неделата попладне за време на фудбалски натпревар во скопско Средно Коњари, синоќа објави видеоснимка од моментот на неговото апсење.

На видеото се слуша – „Еј! Не можам да дишам!“ – во моментот кога Салиу е соборен наземи од страна на специјален полициски службеник, додека неколку други специјалци се околу него.

Видеоснимката на која одблизу се гледа моментот пред приведувањето на новинарот Фуркан Салиу е направена од прозорецот од возачкото седиште на автомобилот паркиран во непосредна близина. Се претпоставува дека, како што и претходно изјави самиот Салиу, настанот го документирал еден од снимателите на порталот „Икс“.

Во еден момент до автомобилот се приближува специјален полициски службеник и вели:

„Не снимај бе ти“,се слуша на видеснимката, по што за кусо видеото се прекинува

Back to top button
Close