ГАЛЕРИЈА: “Паричникот на Путин” Мистериозната палата на Црното Море реновирана во најголема тајност од фирма на контроверзен Хрват

Независната руска медиумска платформа „Проект“ објави големо истражување и филм за изградбата и украсувањето на палата во црноморскиот град Геленџик, која наводно е во сопственост на рускиот претседател Владимир Путин.

Како што пишува хрватсли „Јутарњи лист“, фирмата „Велестрој“ во сопственост на хрватскиот државјанин Крешимир Филиповиќ, наводно е одговорна за реновирањето на „Путиновата палата“. Медиумите претходно објавија дека „Велестрој“ е поврзан со палатата како закупец на некои простории, но досега не се знаеше дали таа фирма е главен изведувач.

Во работната документација со која располага „Проект“, на првата страница на која обично се наведува главниот изведувач или главниот проектант (изворот на Проектот тврди дека компанијата била главен изведувач), се појавува името на оваа компанија, а од финансиската евиденција на „Комплекс“ – што е кодно име за овој грандиозен градежен проект – пишува дека од 2019 година добиле повеќе од 400 милиони рубли за градежни и монтажни работи.

Реалниот сопственик на „Велестрој“ не се појавува во Рускиот обединет државен регистар на правни лица (USRLE) од октомври 2023 година, како што е класифициран од државата.

 

Но, уште во 2022 година, 85 отсто била во сопственост на Крешимир Филиповиќ. Медиумите претходно тврдеа дека Филиповиќ на Балканот го нарекуваат „паричник на Путин“, а меѓународен конзорциум истражувачки новинари го сомничи „Велестрој“ за наводно повлекување и перење на милиони долари добиени од државниот „Транснјефт“.

“Собеседник” во 2019 година тврдеше дека Филиповиќ е вонбрачен сопруг на заменик-градоначалничката на Москва, Анастасија Ракова, и дека присуствува на состаноци со многу високи функционери.

Путин во 2017 година на Филиповиќ му подари почесна повелба во знак на благодарност за неговата работа. „Јутарњи лист“ претходно пишуваше дека Крешимир Филиповиќ е руско-хрватски претприемач кој од анонимен инженер од загрепска Мамутица се проби до моќен руски индустријалец и место во друштво на Путин и Раков.

Back to top button
Close