(ВИДЕО) Први снимки од авионската несреќа во која загина иранскиот претседател: Се изгорело!

Објавени се први снимки со дрон од остатоците што ги снимила Црвената полумесечина, а на кои е прикажано местото на несреќата на стрмна, пошумена падина, со малку останато од хеликоптерот освен неговата сино-бела опашка.

Потпретседателот на Иран, Мохсен Мансури, утрово потврди дека во несреќата загинале иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан.

Хеликоптерот се урна вчера на северозапад од земјата во регионот Верзеган

Иранската влада за денеска свика итен состанок по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи на земјата Хосеин Амир Абдолахиан во хеликоптерска несреќа, јави иранската државна новинска агенција ИРНА.

Иранските државни медиуми емитуваат исламска молитва меѓу извештаите за смртта на Раиси и уште осум други лица откако хеликоптерот со кој патуваа се урна во иранската провинција Источен Азербејџан.

На профилот на Раиси на Х се објавени стихови од Куранот.

Мир со Ебрахим. Навистина, така ги наградуваме оние што прават добро. Тој беше еден од нашите верни слуги“, се вели во стиховите од Куранот на профилот на Раиси.

Раиси беше втората најмоќна фигура во политичката структура на Иран по врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Back to top button
Close