Мицотакис од Лерин-Ако се нарекувате како што сакате патот за ЕУ ќе остане затворен
Сакам и овде, на неколку километри од нашата граница, да испратам порака до Скопје и до новата власт: во случај да настојуваат да го оспоруваат јадрото на договорот во врска со името на државата и да ја нарекуваат така како што сакаат да ја нарекуваат, тогаш ќе треба да знаат дека нивниот европски пат ќе остане затворен, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговиот денешен говор во Лерин, јави дописничката на МИА од Атина.