Врховниот суд одржа седница на судии, претседателката Адеми ги информирала за кривичната постапка против Наке Георгиев

Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми денеска на седница на судии ги информирала врховните судии во врска со започната кривична постапка против судијата на Врховниот суд Наке Георгиев.

Адеми, како што се наведува во соопштението од Врховниот суд, ги информирала колегите за преземените активности и соработка со надлежните институции во врска со случајот и решението за времено оддалечување од вршењето на судската функција.

„На денешната седница на судии беше истакнато дека едни од основните заложби на Врховниот суд како највисок суд во државата е владеење на правото, независно и ефикасно судство ослободено од било какви влијанија и ефикасна борба против корупцијата во согласност со начелата на кривичната постапка“ се додава во соопштението од Врховен.

Попладнево на врховниот судија Наке Георгиев, за кој постои основано сомнение за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“, му беше определен 30-дневен притвор. Мерката беше определена откако тој беше изведен пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Мерката е определена по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close