(ВИДЕО) Нетпрес: Познат пејач убиен во престрелка на Пластичарска

Порталот Нетпрес ја информира јавноста дека по престрелката на Пластичарска во болница полинал А.И. , познат пејач.

А.И. загинал во пукотница со огнено оружје што се случила синоќа на булеварот „Никола Карев“ или т.н. Пластичарска улица во Скопје, а уште две други лица се повредени.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) за „360 степени“, синоќа, дваесетина минути пред полноќ било пријавено дека на местото имало пукање.

Пет минути подоцна, како што велат од МВР, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен 24-годишниот Т.А. од Скопје.

„Во 23:51 часот, од комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00:45 часот на 27.05.2024, А.И. починал“,информираат од МВР.

Видео: клан

Back to top button
Close