Битолчанецот Златко Ристовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Златко Ристовски – активист на СДСМ од Битола е првиот кандидат што поднесе кандидатура за за претседател на СДСМ, објави тв24, повикувајќи се на информации од Бихаќка.

Информациите се дека Ристовски е релативно анонимен во партијата, а колку неговата кандидатура е уредна ќе се знае откако ќе заврши рокот за кандидирање

Се очекува утре претседателска кандидатура да поднесат пратеничката, екс министерка за одбрана – Славјанка Петровска и поранешниот министер за здравство од оваа партија – Венко Филипче.

Најавите се дека меѓу оние кои ќе ја побараат довербата за највисоката партиска функција е и директорот на ТИРЗ – Јован Деспотовски.

Засега останува енигма дали директорот на Царина – Стефан Богоев и заменик министерот за администрација – Александар Бајдевски ќе влезат во трката за претседател на СДСМ.

Изборите за нов претседател на СДСМ ќе бидат на 30 јуни.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close