Стоилкович е човек од нашата коалиција, има промакедонски ставови. Мицковски во одбрана на новиот вицепремиер прозван дека е Путинист и човек на Вучич

Наша заедничка татковина е Македонија и очекувам сите заедно, 24-цата, но и сите оние стотици кои по вертикала ќе бидат избрани и именувани, да имаат исклучиво само промакедонски позиции и да се борат за нивната татковина Македонија. Промакедонска позиција подразбира и стратешкото ориентирање на Македонија, а тоа подразбира силен партнер во НАТО Алијансата и земја која еден ден ќе биде членка на Европската Унија – рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по поднесувањето на предлогот за состав на владата.

На прашање што доколку Стоиљковиќ биде ставен на црна листа на САД поради неговите средби во Москва, Мицкоски одговори дека „тој е човек кој е дел од коалицијата ’Твоја Македонија’ предводена од ВМРО-ДПМНЕ“ и дека тој верува во неговата чесност.

– Мој соработник и јас верувам во неговата чесност, искреност и промакедонски, протатковински позиции – додаде Мицкоски.
Денеска ПАРТИЈАТА НА АА НА Села побара Стоилковиќ предложен од Мицковски за вицепремиер во неговата Влада да го признае Косово и да го осуди геноцидот во Сревремица а истиот став го делеле и од албанските партии од Вреди кои се во коалиција со Мицковски. Деновиве АА прозиваше и дека во предлогот за нова влада е и името на љубител на Путин мислејќки на Сроилкович лидер на партијата на Србите која одамна е во коалиција со ВМРО ДПМНЕ а сега мандатарот реши да го постави за вицепремиер во владата што ќе ја води.

Back to top button
Close