Алтернатива ја повлече Садики-Шаини од заменичка на Стоиљковиќ
Коалицијата Вреди го повлече предлогот Сафије Садики-Шаини од Алтернатива да биде заменичка министерка во Министерството за односи меѓу заедниците, откако мандатарот Христијан Мицкоски за министер во тој ресор и вицепремиер го предложи Иван Стоиљковиќ од Демократска партија на Србите и коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ.Садики-Шаини сега е предложена за заменик министерка во новото Министерство за спорт со кое ќе раководи Борко Ристовски.
Информацијата за „Слободен печат“ ја потврди Орхан Муртезани од Алтернатива и предлог за министер за евроинтеграции.
Од Вреди не потврдуваат дали смената на ресорите во вториот владин ешалон е поради несогласувањето Стоиљковиќ да биде вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, што пак, предизвика бурни реакции од Европскиот фронт, а со решението не беа задоволни ни Вреди. Критиките за Стоиљковиќ се дека е проруски настроен.