Видео: Апасиев: Требало да пишете Република Северина Македонија оти го издупивте народот


Ја прочитав внимателно програмата и биографиите на министрите и тоа се најзалудно потрошени четири часа во мојот живот, рече од собраниската говорница лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев коментирајќи го експозето на мандатарот, Христијан Мицкоски.

-Во три реда на пет места има Република Северна Македонија. Барем да се обидевте, како ние, да протневте Република С. Македонија. Требало наместо Република Северна Македонија, да напишете Република Северина Македонија оти го издупивте народот за тоа што му ветувавте, рече Апасиев.

ВМРО-ДПМНЕ во кампањата остро го критикуваше новото уставно име, а сега Мицкоски кажа дека ќе го почитува уставното име во институциите, но не и во изјавивте.

Back to top button
Close