Пуцко Петрол од Европски Фронт во владеачката Вреди?

На социјалните мрежи е објавена фотографија од поранешниот градоначалник на Пласница и бизнисмен, Исмаил Јахоски, заедно со мандатарот Христијан Мицкоски и идните министри од „Вреди“ од денешната седница во Собранието.

Пратеникот на „Вреди“, Фатмир Лимани, на својот Фејсбук сподели фотографија со Мицкоски, Изет Меџит и пратеникот на Европскиот фронт, Исмаил Јахоски, инаку познат како основач на „Пуцко петрол“.

Во описот на фотографијата Лимани не напиша ништо освен прашалник, оставајќи простор за шпекулации дека можеби пратеникот Јахоски преминал во новата владеачка коалиција.

Лимани ќе биде министер за социјална политика, демографија и млади, а Меџити ќе го предводи ресорот животна средина и, како што вели тој, ќе биде прв вицепремиер.

Извор: Фактор.мк

Back to top button
Close