Битиќи за РСЕ- Што ако милијардата е корозивен капитал кој се враќа дома под превезот на задолжување

Нашите проценки покажуваат дека задолжувањето за еден момент од 58,6 насто колку е задолжувањето на државата на целиот јавен долг, ќе отиде на некаде 66 насто. Со другото задолжување ќе се отиде до 70 насто. Па граѓаните ќе треба да им се одговори како одеднаш сите коментари дека државата е презадолжена затоа што сме блиску до 60 насто, која е една рамка која е ставена со договорот од Мастрикс за задолжување, наеднаш 70 насто задолжување не е проблематично.

Второ, сметам дека и мандатарот и партијата и тие на власт ќе треба да одговорат кој бил мандатот за да се испреговара такво задолжување додека биле во опозиција, со билатерална земја без разлика што тоа е земја е членка на ЕУ, бидејќи знаеме дека нивниот бивш лидер престојува во таа земја. Па дали можеби не зборуваме за корозивен капитал кој се враќа во нашата земја под превезот на задолжување.

повеќе на слободнаевропа.мк

Back to top button
Close