(ВИДЕО) Пожарот кај Василево се шири кон селата Сушево и Злеово
30.06.2024 14:51
394 Читање помалку од 1м
Пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се приближи во непосредна близина на с. Сушево, а се шири и кон с. Злеово, соопшти Центарот за управување со кризи.
Оттаму додаваат дека за гаснење се подготвува еден полициски хеликоптер кој ќе полета набргу.
На терен се екипи на струмичката територијална противпожарна единица.