Јован Деспотовски денеска поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ за да се посветел на СДСМ, апанажа не сакал
Јован Деспотовски денеска поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ.

– Немав никаков притисок од политичкиот опонент. Имам мандат до декември, но има нова политичка реалност. Ова што кулминираше деновиве, бара мој целосен ангажман – рече Деспотовски на брифинг со новинарите.
По заминувањето од ТИРЗ, Деспотовски најави дека ќе се посвети на зголемен политички ангажман во партијата затоа што, како што рече, силен СДСМ не е потребен само за партијата, туку и за државата за што укажување имало и од политичкиот опонент.
„Мојата цел е целосно да се посветам на еден ваков сериозен политички ангажман бидејќи тоа бара целосна посветеност. Не може половина ден да работам инвестиции, а другата половина политика. Таков сериозен политички ангажман и сериозна цел, а тоа е изградба на силна опозициска партија која ќе биде контролор или коректив на власта и подразбира целосен ангажман. Во наредниот период ќе се посветам целосно на политичкиот ангажман“,рече Деспотовски.
Тој најави и дека нема да побара апанажа затоа што, како што рече, не е оправдано носители на јавни функции, кои извршувале и одговорни позиции, да остануваат на товар на граѓаните.
„И ако сме навистина толку способни сите да извршуваме одговорни функции навистина можеме понатаму, ако сме оставиле чист образ, да продолжиме да функционираме како и сите останати. Така да нема да побарам апанажа“,нагласи тој.
Тој ги соопшти бројките од сработеното во ТИРЗ за време на неговиот мандат






