Погоден со залутан куршум додека возел од Тетово за Скопје 

Тетовец вчера во полиција пријавил дека додека се движел од Тетово кој Скопје кај клучката Сарај, залутан куршум ја погодил шофершајбната од неговиот автомобил.

– На 06.07.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје, Џ.Р.(41) од Тетово пријавил дека околу 13.50 часот на патот од Скопје кон Тетово, кај клучка Сарај, додека го управувал неговото патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, слушнал звук на предното стакло од возилото и забележал дека е оштетено од заталкано зрно од огнено оружје. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, инфомрираше МВР.

Back to top button
Close