Ракот на кожата може да биде предизвикан по само 15 минути поминати на сонце без заштитен крем
Ако поминувате многу време на сонце, особено треба да обрнете внимание на знаците на рак на кожата.
Експертите од клиниката „Мејо“ тврдат дека ракот на кожата може да биде предизвикан по само 15 минути поминати на сонце без заштитен крем за сончање, како и дека можете да изгорите дури и ако имате крем за сончање, но ако тој нема доволно висок заштитен фактор или ако не го нанесувате редовно во текот на престојот на сонце.
Најголемата светска независна организација за истражување на ракот Cancer Research UK ги поттикнува луѓето да внимаваат на овие рани предупредувачки знаци на рак на кожата, кои можат да бидат последица на само 15 минути на сонце и кои може да се развијат во потенцијално смртоносен рак во рок од само четири недели.
„Изгорениците од сонце го зголемуваат ризикот од развој на рак. Тие се оштетувања на кожата и реакција на телото кое се обидува да ја обнови кожата. Тоа е јасен знак дека ДНК во вашата кожа е оштетена од преголемата изложеност на УВ-зрачењето. Ако еднаш изгорите на сонце, тоа не значи дека автоматски ќе заболите од рак на кожата, но колку повеќе изгореници заработите во текот на животот, толку е поголем ризикот да го добиете рак на кожа. Затоа е важно да се трудите да останете под сенка што е можно повеќе, особено помеѓу 11 и 16 часот, да носете широка облека, широк шешир и очила со УВ- заштита, како и да нанесувате заштитен крем со најмалку фактор 30, како и обилно и редовно да го нанесувате“, порачуваат експертите.
…