Армијата и два хеликоптера ангажирани во гаснењето на пожарот во неготинско

– Стотина припадници на Армијата и два хеликоптера МИ 8/17 од воздухопловниот ВИНГ од раните утрински часови во координација со сите инволвирани субјекти отпочнале со координиран и насочен ангажман во гаснењето на пожарот во поширокиот реон на неготинско и планината Серта.

 

– По наредбата од страна на претседателката и врховен командант на

Вооружените Сили, Гордана Сиљановска Давкова за ангажирање на Армијата за

справување со пожарите во реонот на неготинско, началникот на Генералштабот,

генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски нареди ангажирање на потребни капацитети

на Армијата, информираа утринава од Генералштабот на Армијата.

Армијата, како што се наведува во соопштението, согласно својата мисија и задачи останува максимално подготвена во извршувањето на својата Уставна обврска и задачи од мисијата која вклучува и нејзино ангажирање во помош на граѓаните и институциите при справување со елементарни непогоди секогаш кога било потребно.

Владата доцна синоќа по барање на Кризниот штаб од Неготино прогласи кризна состојба.

Back to top button
Close