Задоцнета и ненавремена беше реакцијата на надлежните за справување со пожарите во Неготинско, обвини СДСМ

Задоцнета и ненавремена беше реакцијата на надлежните и Владата на Мицкоски за справување со пожарите во Неготино и регионот, обвинија од опозицискиот СДСМ.

„Заради слабата координација и немарност, изгореа преку илјада хектари зеленило и се донесоа во опасност преку 150 куќи. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше ефикасност, но само по првата криза се покажа дека не умеат да се носат со предизвиците. Цели два дена доцнеше механизација и прогалсувањето на кризна состојба“,велат од СДСМ.

Според партијата, Владата синиќа прогласила кризна состојба дури три часа откако СДСМ алармирал.

„Навремена и соодветна реакција ќе спасеше значителна површина на зеленило и немаше да се доведе во опсност викенд населбата Калањево. ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека со лажен ПР и постојани вести нема да ја покријат неспособноста на терен“,соопшти СДСМ

Back to top button
Close