ВИДЕО: Голем пожар над Битола, повредени двајца пожарникари

 

Попладнево над Битола изби голем шумски пожар во кои зафатени се ниска вегетација и борова шума. Според информациите, гори ридот над обиколницата Битола, а пожарот се појавил во близина на Германските гробишта, пренесе тв21.

 

Според информациите, има двајца пожарникари кои се повредени.

Над градот се издигаат и облаци чад, а на терен е и Кризниот штаб и градоначалникот Тони Коњановски.

Back to top button
Close