(ФОТО) Пензионерскиот дом во Чаир почна да се лизга во соседната дивоградба, ги спасува „инвеститорот“

„Инвеститорот“ на дивото градилиште кое е залепено до домот „Лика Чопова“ во скопски Чаир повторно гради. Но, овојпат, прави бетонски потпорен ѕид кон пензионерскиот дом, откако по невремето кое кон крајот на јуни го зафати Скопје падна претходната ограда, а дел од земјиште се слизна во дупката која незаконски ја ископа за да никне повеќекатница, пишува 360Степени.

Станува збор за ископ од минатата 2023 година, направен без одобрение од општина Чаир. Иако локацијата има предвидено маркица за објект за индивидуално домување, односно приземје, плус два ката, плус поткровје, наместо да се бара дозвола се отпочна со бесправно градење, оти планот бил да никне многу повисока зграда.

 

Чудо светско

Општината веќе подолго време бара инвеститорот да ја врати површината во првобитна состојба. Тоа не се случи, па невремето направи дополнителна штета.

Станарите во пензионерскиот дом и околните жители во неколку наврати алармираа дека стравуваат за својата безбедност, велејќи дека и темелите на домот се поткопани со обидот за неконтролирано градење. Сега прашуваат, што од домот „ќе се слизне“ во дивиот ископ при следно невреме

Повеќе

Back to top button
Close