Орбан до ЕУ лидерите: Трамп ќе биде мировен посредник меѓу Рисија и Украина
Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп е подготвен „веднаш“ да дејствува како мировен посредник меѓу Русија и Украина доколку победи на изборите во ноември, нагласи унгарскиот премиер Виктор Орбан во писмо до европските лидери.
Писмото, адресирано до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и споделено со сите лидери на ЕУ, е подготвено откако Орбан одржа разговори со Трамп, како и со лидерите на Украина, Русија и Кина.
„Можам сигурно да кажам дека набргу по неговата изборна победа, тој нема да чека до неговата инаугурација, (Трамп) ќе биде подготвен веднаш да дејствува како посредник за мир. Тој има детални и добро засновани планови за ова, “ напиша Орбан.
Орбан, долгогодишен поддржувач на Трамп, ги оствари ненадејните посети на главните градови во изминатите две недели во самонаречена „мировна мисија“ откако Унгарија го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ.
Во писмото до лидерите на ЕУ, Орбан наведува дека американскиот претседател Џо Бајден „вложува огромни напори“ да остане во изборната трка и посочи дека „не е способен да ја измени сегашната провоена политика на САД“