Бајден бара забрана за пушката со која е пукано кон Трамп

Американскиот претседател Џо Бајден повика на општа забрана за полуавтоматската пушка употребена во обидот за атентат врз републиканскиот ривал Доналд Трамп во саботата. Во своето прво обраќање по тој настан, тој рече дека политичката ситуација во земјата станала премногу вжештена.

„Помогнете ми да ги ослободам американските улици од овие воени оружја. АР-15 беше користена во пукањето кон Доналд Трамп. Тиа беше оружјето што уби многу други, вклучително и деца“, нагласи сегашниот претседател.

„Го направив тоа еднаш и ќе го направам повторно“, додаде тој.

Back to top button
Close