Администрацијата на Бајден ја истражува Тајната служба по обидот за атентат врз Трамп
Главниот инспектор на американското Министерство за вантрешна безбедност отвори истрага за активностите на Тајната служба и планирањето предизборен митинг во саботата во Пенсилванија, каде 20-годишен маж се обиде да го убие поранешниот претседател Доналд Трамп и го погоди во десното уво.

„Главниот инспектор ќе го „оцени однесувањето на Тајната служба на САД во обезбедувањето на настанот од кампањата на поранешниот претседател Трамп на 13 јули 2024 година“, се вели во известувањето на веб-страницата на генералниот инспектор под „тековни проекти“ во категоријата „Контратероризам и закани за татковината“.
ФБИ соопшти дека го истражуваат пукањето како обид за атентат.
Вооружениот напаѓач пукал кон Трамп од зграда оддалечена 140 метри, а обезбедувањето на собирот тврди дека тоа било надвор од безбедносниот периметар, но поранешниот специјален агент на тајната служба Кенет Валентин вели дека тоа „едноставно не е точно“.
-Таа зграда требаше да биде внатре во заштитената зона. Тоа е огромен пропуст, рече тој, нагласувајќи дека „агенцијата морала да ја идентификува таа зграда како безбедносен ризик“.
Во престрелката е убиен еден учесник на митингот, двајца се ранети, а осомничениот е убиен.
Американскиот претседател Џо Бајден,во неделата рече дека наредил независна ревизија, а републиканските пратеници во Конгресот исто така ветија брзи истраги.