Хашките осуденици Тачи,Красниќи,Весели и Селими за собранискиот спикерот Гаши се дел од славната историја на Косово
Собрaнискиот спикер Африм Гаши, веројатно инспириран од претходното величање на осуден воен злосторник од страна на владиниот функционер Далибор Китановиќ одлучи да се надоврзе на “славата на злостоениците” па реши да им оддаде почит на, од утрово осудените за воени злосторства, Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими.

-Ниту една пресуда не може да го негира фактот дека Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими се дел од една славна страница во историјата на Косово.
Во време кога слободата на Косово, како и мирот и стабилноста на регионот, сè уште беа идеали за кои требаше да се бориме, тие имаа храброст да се ангажираат и да ја преземат историската одговорност за донесување слобода за својот народ.
За албанскиот народ, тие се и остануваат ослободители на Косово. Војната на ОВК, жртвите и несебичноста на оние што ја предводеа и беа нејзин дел се токму патот што водеше до слободата на Косово и до нова ера на мир и стабилност во регионот.
Денешната пресуда е пресуда од прв степен, додека битката за правда продолжува.
Затоа, денес е денот да застанеме заедно, со достоинството на тишината, и да посведочиме дека нашите мисли и срца се со ослободителите и нивните семејства.
Затоа што слободно Косово беше најтешката битка — и тие ја добија. Затоа што слободно Косово е сведоштво за генерацијата што се осмели да сонува за слобода, а истовремено е и утехата што треба да нè одржи силни пред денешната одлука и пред другите предизвици – напиша Тачи на фејсбук.
Поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, утрово е прогласен за виновен за воени злосторства и осуден на 25 години затвор од страна на Специјализираниот совет во Хаг.
Судот во Хаг утврди дека Тачи (58) е кривично одговорен за злосторства, вклучувајќи убиства, тортура, сурово постапување и незаконско лишување од слобода, извршени додека бил врховен командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) за време на војната во Косово во 1998 и 1999 година.
Судот го прогласи за виновен за убиствата на 96 политички противници и поединци за кои се сметало дека соработувале со српските безбедносни сили – извршени од силите на ОВК за време на конфликтот.







