Се огласи Мајкрософт по хаосот што настана во светот: Се истражува проблемот
Компанијата Мајкрософт денеска соопшти дека презема „акции за ублажување“ на проблемите пријавени од корисниците, кои предизвикаа технички проблеми и прекини во функционирањето на компаниите и банките ширум светот.
Проблеми и прекини во ИТ мрежите во светските институции, вклучително и банките, телекомуникациските компании, медиумите и авиокомпаниите, денеска беа пријавени низ светот, авионите беа приземјени, а медиумите не ја емитуваа програмата.
Компанијата истражува прашања поврзани со обезбедувањето на „облак“ услуги во САД, како и проблем што влијаеше на неколку нејзини апликации и услуги, се вели во соопштението, а пренесува Би-би-си.
Во Австралија, голем број банки, медиуми и авиокомпании известија дека се изложени на масовен ИТ напад и нарушување на комуникациите. Летовите се откажани на аеродромот во Сиднеј, супермаркетите беа во хаос, а програмите на ТВ мрежата беа прекинати поради дефекти на компјутерскиот систем и графиката.
Само неколку часа пред Австралија, неколку американски авиокомпании исто така пријавија дека морале да ги откажат или одложат летовите поради проблеми со ИТ-врските.
Причината за нарушување на ИТ секторот е нејасна, но многу засегнати го поврзаа со оперативните системи за компјутери на Мајкрософт.
Компаниите како што се Jetstar и Virgin Airlines го пријавија проблемот до Microsoft.
Банките и фирмите како Телстра и Гугл, исто така, регистрираа тешкотии.
„Синиот екран на смртта“ се појави на екраните на сите кои трпеа суспензии и потешкотии на работа.
Синиот екран на смртта (BSOD) е екран кој се појавува по фатална системска грешка на компјутерските системи на Microsoft Windows