За еден месец се отвара онколошката амбуланта во 8ми септември

Министерот за здравство најавува профункционирање на онколошката амбуланта во градска општа болница 8ми Септември за еден месец, акцелераторот пак купен пред две години сеуште не работи по почне да се користи за околу половина година откако ќе завршат потребните подготовки.

Според првиот човек на здравство Таравари, ГОБ „8ми Септември” веќе има капацитети за полесна онколошка терапија, а целта е децентрализација во здравството, односно пациентите да почнат со одредена терапија и олабави притисокот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, вакви регионални онколошки центри треба да се отворат и во градовите Битола и Штип но нешто подоцна.

Во јавното здравство ќе има вработување на дополнителен кадар и високо и средно квалификуван, мора да се пополни недостигот на медицински персонал, но министерот Таравари не верува да има зголемување на платите поради огромниот буџетски дефицит и ќе побара разбирање од синдикатите.

Констатацијата на Арбен Таравари при денешната посета на 8ми Септември е дека состојбата со хируршките сали не само таму туку во целото здравство се на незавидно ниво за што треба да се интервенира и подобрат условите согласно буџет за 2025, што ќе го имаат на располагање како здравство

Back to top button
Close