Мицкоски денеска се сретнал со компанија на Трамп за соработка, но не открива дали навива Трамп да победи на изборите
Мицкоски во интервју за Телма потврди дека денеска во Скопје се сретнал со водечки лица на корпорација на Трамп со цел да ни помогнат во дигитализација на земјава.
Премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во интервју на Телма повтори дека денеска остварил средба со Крис Павловски, основач и извршен директор на интернационалната компанија Rumble, Хауард Лутник основач и извршен директор на една од водечките финансиски корпорации во САД- Cantor Fitzgerald и со Девин Нунес, поранешен конгресмен на Калифорнија и сегашен извршен директор на Трамп корпорација за медиуми и технологија.
Премиерот кажа дека корпорацијатана Трамп во земјава ја носи човек чие потекло, поточно неговите родители, се родени во Ресен тој бил роден во Канада, а сега живее во САД и е дел од корпорацијата на Трамп.
Прашан дали Трамп ќе инвестира во Македонија рече дека засега не може ништо повеќе да зборува за оваа тема оти било рано.
Мицкоски не сакаше да одговори дали Трамп е негов фаворит на изборите за нов претседател на САД бидејќи од позиција на премиер не сада да зборува за тоа.
Неговиот, како што го нарече, најдобар пријател, Виктор Орбан, иако е прв човек на Унгарија пред неколку денови отворено изјави дека навива Трамп да победи и да биде новиот претседател на САД.