Јанушев се предомисли:  Не му подариле плац родителите туку имало грешно внесени податоци. Паничеле “паразити кои ја руинирале државата”

Со денови ги гледам оние трагикомични обиди на СДС и нивните докажани полтрони и сателити во политиката како отворено лажат и ме дискредитираат, како измислуваат и се прпелкаат вели генералниот секретар на Владата Игор Јанушв по обвинувањата од СДСМ за наводно подарениот имот од ако што тврдат 325 000 евра.

– Толку изгледа бедно и мизерно нивното поведение што совршено го отсликува мочуриштето во кое се потопени, а во кое царува политиката на ниски страсти, ниски удари и безидејноста која дава одговор зошто и 180 илјади гласови кои ги освоија на последните избори, што е историски најслаб резултат на СДС, на наредните ќе биде недостижна граница затоа што ќе потонат уште подлабоко.

Ве пуштав да се излизгате… прво да изнесе лаги еден сдсовски сателит и советник на криминалното СЈО, во исто време шарен револуционер и познат лажен патриот, па потоа да се надоврзе една пара партиска структура и на крај да излезе изворот на таквите дезинформации, партијата која ја води неврохирургот на Заеви или како што во СДС го викаат малиот на Зоки, Венко Филипче.

Прво, СДС вели дека имотот на анкетниот лист е енормно зголемен. Тоа не е вистина и е комплетна лага. Не само што не е зголемен, туку е и двојно помал доколку се направи споредба со тој од 2017та година.

Второ, не постои никакво подарено земјиште … има погрешно внесени податоци за што веќе е направена и корекција од моја страна. Истиот имот кој во моментов го поседувам, го поседував и во минатото и доколку било што беше проблематично владата на СДС&ДУИ имаше и повеќе од доволно време да постапува.

Трето, седум години бандитите на ДУИ и СДС беа на власт. седум години водеа политички процес и хајка врз мене и тоа за непостоечки случај за набавка на автобуси, и кога можеа за тоа да водат случај, што мислите колку пати ќе бев затворен доколку е вистина она што сега го говорат? – стои во реакцијата на Јанушев.

Онаку вчера тв24 изјави дека Јанушев во телефонски разговор ги информирал дека имотот му го подариле родителите.

Во телефонски разговор, за Тв 24 генералниот секретар на Владата Игор Јанушев вели дека е запознааен со оформениот предмет од страна на Антикорупциска.

„Очекувам позитивен исход и се радувам што Антикорупциската комисија ќе може да се увери дека се е чисто. Станува збор за движен и недвижен имот подарок од родителите, кој и претходно е пријавен и во ова нема ништо спорно, ниту пак е нешто ново“ – изјавил Јанушев.

 

Back to top button
Close