Франција објави дека е подготвена за големиот број посетители на Олимпијадата – спремни биле и дилерите на дрога

Франција објави дека е подготвена за големиот број посетители на Олимпијадата — а исто така и париските дилери на дрога, објави на својот сајт Франс 24 пренесувајќи сторија на агенцијата АФП.

Дилерите ветија стабилна понуда на стока, но предупредија дека цените може да се зголемат и времето на чекање за испорака исто така под тежината на десетици илјади безбедносни сили и големата побарувачка.

Од парижаните кои ги изнајмуваат своите станови, до транзитниот систем кој ги зголеми цените на билетите, сите бараат да заработат пари за време на ОИ, а тоа го вклучува и подземјето.

„Секогаш сме подготвени во оваа работа“, изјави париски дилер за АФП.„Секогаш ќе има некој подготвен, така е кога има пари да се заработат“, рече дилерот, кој сакаше да остане анонимен.

За безбедноста на ОИ се ангажирани околу 45.000 припадници на бебедносните сили, и експертите за борба со криминал – очекуваат „бум“ за испораки на дрога.

Всушност, Франција веќе имаше бум во апликациите за пораки и испораките на дрога преку социјални медиуми, откако пандемиските заклучувања ја турнаа трговијата од улицата и на екраните на паметните телефони.

Во исто време, земјата изрази зголемена тревога поради раст на трговијата со дрога и смртоносното насилство меѓу ривалските банди.

„Постои еден вид Уберизација на трговијата со дрога, со развој на дигитални понуди на апликации како Телеграм, или промотивни зделки“, вели адвокатот Адриен Габо чија специјалност се криминални прекршоци.

Во пресрет на Игрите, дилерите ги ажурираа своите клиенти за начините за испораки и за тоа што да очекуваат за време на натпреварите што ќе се отворат в петок и ќе траат до 11 август.

„Цените на нашите услуги ќе бидат прилагодени поради предизвикувачките услови во патниот сообраќај и големата побарувачка“, им напишал еден продавач на клиентите.

Делови од центарот на Париз се блокирани за време на свеченостите, метежот со автомобили и пешаци е доволно што парискиот продавач рече дека не би вредело да се мачат, дури ни да се видат настаните.

Во една размена помеѓу продавач и клиент, во која имале увид новинари на АФП, дилерот предупредува дека купопродажбата не може да се случи на отворено.

„Полицијата е во потрага“, се вели во пораката.

Сепак, други дилери испраќаат пораки за да ги уверат клиентите, како онаа која напишале: „Ве информирам дека и покрај Олимпијадата, услугата за испорака ќе остане иста“.

Прерано е да се процени дали или колку цените би можеле да се зголемат, но адвокати веруваат дека тоа е можно

„Во Париз грам кокаин чини 50-60 евра (55-65 долари), но сега веројатно може да достигне и до 80 евра за грам“, вели адвокатот Давид Куриел.

„Тие (дилерите) не можат да чекаат“, додаде тој, мислејќи на периодите на промоција што ги постави владата на Франција кога купувачите се собираат во продавниците.

Франција вети дека ќе ја спречи дигиталната продажба на дрога и распореди огромни количини полиција да патролираат низ Париз за време на Игрите кои се очекува да привлечат 15 милиони луѓе.

Но, дали ќе има бум?

Проверката на АФП за продажните цени на дрога објавени на апликациите за пораки не откри непосреден скок, а полициските извори исто така беа скептични.

„Досега нема „олимписки ефект“ за зголемување на продажбата на дрога, изјави за АФП истражител за наркотици, повторно под услов да остане анонимен.

„Веќе има неверојатна количина (дрога) на понуда“, забележа истражителот.

„За време на Ковид беше поинаку. Имаше неверојатен скок на цените, за два или трипати. Беше борба да се најде нешто“, рече парискиот дилер. „Засега е добро пред Олимпијадата“.

Вистинскиот ефект врз пазарот на дрога во Париз – и Франција – нема да стане јасно веднаш, но истражувачите почнаа да размислуваат за влијанието.

„Спроведувањето на законот е силно мобилизирано за Олимпијадата, но дали тоа ќе им даде на (дилерите) поголема можност да го продолжат својот бизнис на друго место во Франција? праша економистот Нацер Лалам.

„Тоа ќе биде нешто што нема да го знаеме се додека не се видат фактите“.

Back to top button
Close