Шумски пожар се прошири и врз канадскиот град Јаспер
Шумски пожар се прошири и во градот Јапер, а тоа е еден од стотината активни пожари во канадските покраините Алберта и Британска Колумбија, а пожарникарите се обидуваат да ги заштитат клучните објекти, како што е станицата за прочистување на отпадни води и нафтоводот „Транс маунтин пајплајн“ (Trans Mountain Pipeline).
Пожарите се вон контрола, а во Британска Колумбија се регистрирани 433 пожари, а 176 во Алберта.
Премиерот на Канада, Џастин Трудо соопшти дека Владата го одобрила барањето на покраината Алберта за сојузна помош/
– Веднаш распоредуваме ресурси на канадските вооружени сили, поддршка за евакуација и повеќе ресурси за итни пожари во покраината и ја координираме помошта за гаснење пожари и воздушен транспорт. Алберта, ние сме со тебе, истакна Трудо.
Градот и националниот парк Јаспер годишно го посетуваат над два милиони туристи годишно. поради ширењето на пожарот на 22 јули од паркот биле евакуирани околу 15.000 посетители.