Филипче: Згрешивме со кривичниот законик, разговараме со заборавени членови да се вратат, јас работев чесно не ме плашат закани
Згрешивме со измените на Кривичниот законик, примена е пораката од граѓаните, кажа лидерот на СДСМ Венко Филипче. На денешниот брифинг со новинарите, тој порача дека како опозиција нема да водат политика на затворање очи и уши пред критиките на јавноста, па меѓу првите иницијативи како што рече, ќе биде донесување нов Кривичен законик ,кој веќе неколку години стои изготвен и чуван во министерството за правда.
„Имавме сорабтока со меѓународните инситиуции со кои донесовме дваесетина закони и сметам дека треба да продолжиме на патот на имплементациија на реформи во правосудството со поддршка на меѓународната заедница. Има изготвен нов Кривичен закон којшто е почнат во 2017 и завршен . Апелирам Владата да го стави на јавна расправа. Тој е целосно во коориоднација со меѓународните инстиуции, по теркот на Кривичниот зкаон во Гемранија и треба што поскоро да е на јавна расправа, да го разгледаат експерети. И со консензус да донесеме нов Кривичен закон. Одиме чекор понатаму, да ја исправиме грешката на овој начин“,рече Филипче.
На новинарско прашање дали неговата одлука е поврзана со забелешките од страна Европската комисија, каде во Извештајот за владеењето на правото, објавен вчера, се нотирани токму измените на Кривичниот законик донесени мината година за време на владеењето на СДСМ, Филипче вели дека нема да ја префрла вината кај претходното раководство на партијата.
„Го користам правото како нов претседател на партијата да иницирам одредени работи кои сметам дека треба да се направат. Не ја префлрам вината на никој друг, сум бил дел од партијата и претходно, но како нов претседател овие работи ги иницирам. Забелешките кои доаѓаат од ЕК не се без причина во извшетајот. Да не затвораме очи, дајте да ги имплементираме,потенцира Филипче.
Во однос на идејата за целосно распуштање на составот на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, што е содржано во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, Филипче смета дека тоа не е добар знак, дека тоа не наидува на одобрување од меѓународната заедница и додаде дека сите реформи во правосудниот систем треба да се прават со меѓународна поддршка. Кажа и дека има неофицијална информација дека Владата испратила писмо во Брисел во однос на реформската агенда и побара од неа да каже што стои во тоа писмо и дали од Брисел се бара промена на реформската агенда.
На почетокот на брифингот, Филипче се осврна на случувањата во партијата по преземањето на функцијата од негова страна. Според Филипче, успеале да ја надминат кризата од изборите , СДСМ се консолидира и се враќа во форма. Најави дека почнуваат со подготовките за избор на нови делегати за конгресот на партијата, а се водат разговори и со членови кои , како што рече, биле тргнати на страна.
Филипче најави нова стратегија за партијата, ребрендирање и реафирмирање на социјалдемократските вредности.
„Започнуваме подготовка на целосно нова стратегија и таканаречен „Блупринт за социјадемократија“ Овој документ ќе биде новата идеолошка и политичка стратегија за ребрендирање и модернизација на СДСМ. Со него ќе направиме реафирмација на социјадемократските вредности прилагодени на новото време земајќи ги предвид секако новите политики коишто ќе ги презентираме на еден инклузивен начин, со широка платформа во којашто беа вклучени многу фактори што ги делат нашите вредности“,потенцира Филипче.
На новинарско прашање дали очекува наскоро да се најде на обвинителна клупа, по бројните критики од ВМРО-ДПМНЕ за афери поврзани со семејството Пановски ,случајот Онкологија и обвинувања за милионската хациенда на Водно, тој дека дека вели неговата работа отсекогаш била чесна.