„Евростар“ им препорача на патниците ако е можно да ги одложат патувањата до Франција
Железничкиот оператор „Евростар“ денеска ги советуваше клиентите да ги одложат патувањата доколку е можно, откако железничките линии меѓу Лондон и Париз беа оштетени од вандализам во Франција.
Претходно, компанијата соопшти дека „координираните злонамерни дејствија во Франција“ прекинаа дел од железничкиот сообраќај, а возовите од и до Париз мораа да користат побавни рути.
Германскиот железнички оператор „Дојче Бан“, исто така, предупреди на прекин на железничката мрежа и побара од патниците однапред да го проверат статусот на нивните возови.
Поради штета предизвикана од вандализам, услугите на „Дојче Бан“ помеѓу Франција и Германија може да бидат откажани или одложени на краток рок, се наведува во соопштението на германскиот железнички оператор