Прашање е дали куршум или шрапнел го погодил Трамп или не! Директорот на ФБИ внесе сомнеж за атентатот

Со сета почит кон поранешниот претседател Трамп, прашање е дали куршум или шрапнел го погодил неговото уво или не – изјави директорот на ФБИ Кристофер Вреј.

Дали атентатот над поранешниот американски претседател и кандидат за нов мандат Доналд Трамп, навистина бил обид за убиство или зад инцидентот се крие друго сценарио? По бројните збунувачки нелогичности поврзани со нападот на Трамп на минтингот во Пенсилванија, дополнителен сомнеж за инцидентот и последната изјава на директорот на ФБИ, Кристофер Вреј.

Вреј, одговарајќи на прашања од конгресмени во Претставничкиот дом за најновите детали од истрагата за неодамнешниот атентат врз републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на неговиот митинг во Пенсилванија, изрази нови сомнежи.

Тој го доведе во прашање досегашното верување дека поранешниот претседател бил застрелан во десното уво.

– Со сета почит кон поранешниот претседател Трамп, прашање е дали куршум или шрапнел го погодил неговото уво или не. Не знам дали тој куршум, освен што го погоди, можеше да заврши и на друго место – изјави Реј

Back to top button
Close