Тајните на кралското семејство: Братучетките на кралицата Елизабета починале во душевна болница, а кралското семејство го игнорирало погребот
Многумина не знаат дека кралицата Елизабета имала две братучетки кои биле болни и затворени во душевна болница добар дел од нивниот живот
Кралското семејство е познато по тоа што чува многу тајни од очите на јавноста. Некои станаа познати само затоа што некои актери конечно собраа храброст да проговорат.
Така, една од можеби најстрого чуваните тајни беше таа дека покојната кралица Елизабета имала две братучетки за кои било строго наредено да се држат подалеку од очите на јавноста. Тоа се Нериса и Кетрин Боус-Лион, ќерки на нејзината тетка по мајка, кои се родени со тешки попречености поради кои биле спкриени од светот до 1987 година.
Нериса и Кетрин биле ќерки на Џон Хербери Боус-Лион и неговата сопруга Фенела. Џон бил брат на Лејди Елизабет Боус-Лион, така што двете ќерки биле братучетки на кралицата Елизабета II и принцезата Маргарет, со еден пар баби и дедовци.
Нериса е родена во 1919 година, а Кетрин во 1926 година. И двете девојчиња се родени со тешка форма на интелектуална попреченост.
Во 1963 година, списанието „Burke’s Peerage“ тврдело дека Нериса починала во 1940 година, а дека Кетрин во 1961 година. Но, во 1987 се испоставило дека Кетрун е жива а Нериса починала во 1986 година, па нивната приказна стана главен фокус. Ниту една од сестрите никогаш не научила да зборува, а добар дел од животот поминале во болницата Ерлвуд.
Медицинските сестри кои биле интервјуирани во болницата тврделе дека сестрите никогаш не добивале подароци, божиќни или роденденски честитки и дека ниту еден член од кралското семејство никогаш не ги посетил. Ова било скандалозно, особено ако се земе предвид дека нивната тетка, Кралицата Мајка, беше покровител на добротворна организација за луѓе со потешкотии во учењето.
Изворите кои живееле доволно долго за да ја кажат вистината велат дека и Нериса и Кетрин биле погребани на крајно нехуман начин. Нериса почина во 1986 година и била закопана речиси целосно во пластична кеса, а пластичната етикета и серискиот број беа единствените маркери на нејзиниот гроб. Надгробната плоча ја добила многу подоцна, дури кога и бил објавен идентитетот.
Ниту еден член од кралското семејство не присуствувал на погребот. Кетрин останала во Кралската институција за ментално болни Ерлсвуд до 1997 година, кога институцијата е затворена поради наводи за злоупотреба на пациенти, и беше префрлена во друг дом во Сари, каде што подоцна почина на 87-годишна возраст.
Кетрин почина во 2014 година, а се верува дека ниту еден член од кралското семејство не присуствувал на нејзиниот погреб. (Mondo)