Стуб: Време е за почеток на преговори меѓу Украина и Русија


Претседателот на Финска, Александар Стуб денеска изјави дека Украина сега е во посилна позиција од пред неколку месеци и оцени дека тоа е добро време за почеток на преговори.

-Дојдовме до точка кога треба да започнат преговори. Реалноста е дека ако сакате да ги вклучите Кина и земјите од глобалниот југ, мора да биде вклучена и Русија, рече финскиот лидер во интервју за француски Монд.

Според него, Украина успеа да преземе иницијатива во процесот на дијалог.

-Украина и претседателот Володимир Зеленски се во многу посилна позиција отколку пред два месеца.Тие го добиваат оружјето и буџетите што им се потребни за да ги задржат своите позиции, рече Стуб, нагласувајќи дека почетокот на преговорите не значи дека Украина треба да прави отстапки.

„Потребно е да се направи разлика помеѓу можен процес на дискусија, кој не е цел сама по себе, и вистински мир“, нагласи финскиот претседател.

Back to top button
Close