Вчера некој ги исклучил фрижидерите во ИЈЗ во кои се чуваат реагенси за цела Македонија
На одделот за бактериологија во Институтот за јавно здравје, вчера се случила голема диверзија, пренесе „Слободен печат“ повикувајќи се на свои доброупатени извори што биле присутни во Институтот.
Вклучена е полицијата и информирано е Обвинителството, откако хигиеничарката забележала дека огромната соба со фрижидери во кои се чуваат реагенси за бројни микробиолошки испитувања на заразни и незаразни болести – не работи, односно фрижидерите се исклучени. Кога вработените отишле кај осигурувачите заедно со раководството, забележале дека само тие што се поврзани со фрижидерите во кои се чуваат реагенсите, се спуштени, односно направен е обид да се исклучи целата комора. Само тие осигурувачи со чија помош се контролирала температурата во фрижидерите – биле спуштени. Камери во близина на овој дел од Институтот нема.
…